Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 февруари 2023
И втора победа за кошаркарите на КК Борец баскет, во продолжението од првенството на Втората лига. Во неделата попладне во салата Гемиџии тие со 78:67 славеа над екипата на КК Водно санс. Тоа беше натпревар од екипи во долниот дел нa табелата. Со оваа победа велешани го избегнаа дното.
„Првото полувреме се играше ,,кош за кош" а на паузата гостите имаа минимални +2. Во второто полувреме земавме целосна контрола, а на момент дојдовме и до 21 поен предност“ - велат од клубот.
Со скор шест победи и седум порази се во група со три екипи со по 17 бода, Водно Санс и МЗТ Скопје УБ на делба на 7 позиција. Во следното коло, следниот викенд играат со КК Ангели од Скопје кои се четврти со 21 бод.
Tweet |