Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јули 2023
Како и лани, на двете насоки прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.
Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот факултет, од есен во новата академска година 2023/24 ќе запише 50 бруцоши.
Ова е согласно конкурсот за упис на студенти во прва година, кој го објави Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи факултетот.
Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.
Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е петта година по ред со ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.
Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока: 21-23 август; 6-7 септември и на 22 септември. Факултетот по потреба, ќе спроведе и дополнителен уписен рок.
Tweet |