речник контакт

И годинава ветераните на ОК Борец трети на меѓународниот турнир во Соко Бања, Србија

На турнирот учествувале осум екипи од пет Балкански држави

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец ветерани се враќаат како трети од меѓународниот турнир кој викендов се одржа во Соко Бања, Србија, во конкуренција на осум екипи од Србија, БиХ, Словенија, Бугарија и Македонија. Во  натпревар за третото место го совладаа тимот на Ниш со 2:0, откако со истиот резултат славеа и во групната фаза против истиот противник.  Велешките одбојкарски ветерани беа победник во групата, освен над Ниш, славеа и над  ОК Белград со 2:1 и над Заечар 2:0. Во полуфиналето велешани играа со ОК Тузла и загубија со 2:1, а водеа со 0:1 во сетови. Исклучителен напор се одрази врз играта на ветераните, кои во саботата од 10,30 до 18 часот одиграа четири натпревари. 

Со овој резултат ОК Борец  ветерани  го повторија минатогодишниот пласман, трети, со што  тогаш загубија од ОК Белград а победија над ОК Тузла, ветерани. 

Поради турнирот во Соко Бања, ОК Борец ветерани не учествуваше на вториот турнир од државната лига, кога требаше да играат со ветераните на Тетово, на турнирот кој го организираше ОК Шкендија во Тетово, а се играше викендов, па овој натпревар ќе се игра дополнително во договор на двете екипи.

Трето коло од државната лига се игра на 10 мај Велес, во салата Гемиџии. Паровите се: 
Шкендија – Струмица
Велес – Гевгелија
Скопје – Тетово 
Слободен  е составот на  Прилеп

Следниот меѓународен предизвик за ОК Борец ветерани е турнирот во Будва кон кајот на мај. 

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »