Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 март 2013
Започна пролетниот дел од првенството во женската одбојкарска лига, каде и двете велешки екипи доживеаја пораз, на домашен терен со идентични 3:2.
Во дербито на колото екипата на Форшпед е поразена дома, во салата Гемиџии од екипата на Македонија Макс од Струмица со 2:3. Гостинките два пати водеа, велешанки стигнуваа но не дојдоа и до победа. По овој пораз Форшпед е четврти со шест победи и четири порази,и ќе се бори само за третото место со екипата на Бами Кро од Тетово.
Таа вчера се спаси од пораз исто така играше во Велес од екипата на Борец Брако 2:3. Иако домаќинките Борец Брако водеа со 2:0, тетовчанки направија пресврт и славеа со 3:2 а во тај брекот се водеше исцрпувачка борба за конечни 18:16. Борец Брако е седми претпоследен со една победа од десет натпревари.
Претходно Форпшед одигра заостанат натпревар во Тетово со Шкендија и победи со максимални 3:0.
Борец Брако - Бами Кор 2:3 (25:23, 25:23, 17:25, 20:25, 16:18)
Форшпед - Македонија Макс 2:3 (22:25, 25:22, 24:26, 25:23, 12:15
Tweet |