речник контакт

И денес во велешко повеќе оздравени отколку нови случаи со ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 31 пациент, три повеќе од вчера

Петар Печков

Веќе две седмици се намалува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко. И денес здравствениот билтен покажува повеќе оздравени - 15 додека нови случаи во велешко со корона вирусот се 12 . Со ова  бројот на активни случаи во велешко, изнесуваше  171.   

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Велес, со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021.  Институтот за јавно здравје денес соопшти дека заклучно до 7-ми декември на подрачјето ан Центарот за јавано здравје има починато 263 лица од последици на корона вирусот.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 31 пациент, три повеќе од вчера. Од нив 18  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврден е еден  и 10 се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема  испишани пациенти како оздравени, примени се двајца  нови случаи. На  континуирана кислородна поддршка се 15 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 25 пациенти и шестмина  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »