Петар Печков
Објавено: среда, 02 јуни 2021
И денес во велешко нема ново регистрирани случаи на лица позитивни на ковид-19, ниту пак има оздравени. Ова е здравствениот биланс на Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часa. Затоа пак има еден починат, на клиниките во Скопје, пациент на 66 годишна возраст, позитивен на ковид-19. Ова лице не е во здравствениот биланс на велешката Болница. Досега во велешко починале 175 лица, активни се 14 случаи а имало 5.468 заразени.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани шест пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и четири пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 2 пациенти. На Инфективно одделение и на Интерно има по тројца пациенти.
Tweet |