речник контакт

И денес повеќе оздравени -60, отколку нови случаи-43 и повторно починат е еден пациент

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 57 пациенти, петмина помалку од вчера

Петар Печков

И изминатите 24 часа има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко. Министерството за здравство информира дека има оздравени 60 пациенти а ново заразени се 43. Бројот на активни случаи во велешко е 295 лица.

Во велешка Болница починат е еден пациент, жена  на 81 годишна возраст од Велес, позитивна на ковид-19. Таа е 301-тиот пациент од велешко кој почина од последиците на корона вирусот.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 57 пациенти, петмина помалку  од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 39, на  Интерно  на Физикално по девет пациенти. Потврдено позитивни се 41, непотврдени  се четворица  и негативни се 12 но со потреба од болничка нега.

„Примен е еден нов  пациент, испишани со по еден негативен тест се шестмина. Еден пациент е трансфериран од Интерно на  Физикално. На кислородна поддршка се 21 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »