речник контакт

И денес повеќе оздравени отколку ново заразени, еден починат од село Милино

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 35 пациенти исто колку и вчера

Петар Печков

И денес  во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи изминатите 24 часа. Податоците од Министерството  за здравство покажуваат дека има само четири нови случаи  со ковид-19 и 42 оздравени. Бројот на активни случаи во велешко е 257 лица.

Во велешка Болница починало едно лице, маж на 76 годишна возраст од село Милино, општина Лозово со коморбидитети и со ковид пневмонија.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 35  пациенти исто колку и  вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  15, на  Интерно  девет  и на Физикално 11 пациенти. Потврдено позитивни се 18, непотврдени  се седумина   и негативни се 10  но со потреба од болничка нега.

„Испишан е еден   пациент со  еден негативен тест, ново примени нема.  На кислородна поддршка се 15 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »