речник контакт

И денес повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 20 пациенти, двајца помалку од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  регистрирани се  22 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 26 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. 

Бројот на активни случаи во велешко  се симна на  127. Со оваа бројка  Велес и натаму е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по  Скопје, Битола, Прилеп и Куманово.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 20 пациенти, двајца помалку  од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  18, на  Интерно  двајца. Нема ново примени  а испишан е еден пациенти, еден е трансфериран од Интерно на Инфективно.

„Потврдено позитивни се 15, непотврдени  се нема  и негативни се петмина   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се осум  лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »