Петар Печков
Објавено: четврток, 14 октомври 2021
И денес починат пациент позитивен на ковид-19 од Велес, на возраст од 75 години, кој бил на лекување во велешка Болница. Тој е 203-та жртва на ковид заразата во велешко.
И натаму бројот на нови позитивни е константен, над 20. Изминатите 24 часа се регистрирани 25 случаи а оздравени се девет. Бројот на активни се искачи пак над 300 и изнесува 304.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница вкупно се хоспитализирани 54, од кои 36 се потврдени позитивни, седум се сомнителни и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се седум пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се згрижени 30 пациенти, на Интерно 11 и во Модуларната болница 13.
Tweet |