речник контакт

И еротика и убиства и трагедии и пеење, во три часа од „Орестија“ на Есхил ( фото и видео)

Премиерата беше изведена пред 200 гледачи на Теодосијанската палата во локалитетот Стоби

Петар Печков

Три часа пеење, танцување, еротика,  човечки трагедии во претставата „Орестија“ од Есхил, која вчеравечер премиерно беше изведена на просторот од Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет  Стоби. 

Оваа голема копродукција на Велешки театар и националната опера и балет ја видоа само 200 гледачи, колку што можеше да присуствуваат, поради безбедносни причини.   Премиерата беше во рамките на 18-тото издание на Фестивалот на античка драм „Стоби“.

„Ова сврзно ткиво,каде настапувам, го поврзува трите трагедии, ги олабавува нештата, дава надеж, ги коментира работите, настаните кои биле или следат. Тоа е таа сатриска игра која дава свежина на трите трагедии. Одамна сме немале вака силна копродукција и имавме големо отворање“  рече  актерот Зоран Љутков, кој после долги години се враќа на сцената во Стоби, како Сатирот Силен.

Во четирите дела има четири различни режисерски приоди и  разработки.  Претставата ја работеа режисерите Александар Ивановски, Ненад Витанов, Софија Ристовска Петрушева и Деан Дамјановски, музиката е на Калиопи Букле,  Енес Беговвски  и Сашко Костов додека кореографи беа Олга Панго и Саша Ефтимова.  

Настапија  дел од актерите на велешки театар, дел од хорот и балетот на Националната опера и балет.  Се подготвува сценска адаптација за во затворена а претставата ќе се игра и на сцената на НОБ и на Велешки театар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »