Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 февруари 2013
Само што престанаа да играат Gangnam Style, се појави нов луд танцувачки феномен кој одеднаш го опфати интернетот. Се работи за Harlem Shake, оригинален танц од 80-тите со движења како пијаница, кој сега се враќа во живот со куп откачени видеа на YouTube во кои играат луѓе од различни професии, од војници, до цели американски студиа, Playboy девојки до универзитети, обични корисници и ликови од видео игри. Ни Велес не остана имун на лудилото и тој е дел од светот. Еве веќе две видеа на млади велешани кои го скршија мразот и снимија клипови, кои не смеат да бидат подолги од 31 секунда.
Tweet |