речник контакт

И мртвите го напуштаат Велес

Велешани ги селат посмртните останки на нивните блиски од старите кон новите гробишта, причина подобрите услови за починатите во Раштани.

Петар Печков

Велешани ги селат посмртните останки на нивните блиски од старите кон новите гробишта, причина подобрите услови за починатите во Раштани. Со отварањето на новите гробишта, иако во прво време велешани не сакаа таму да ги погребуваат нивните блиски, работите се променија. Сега се  врши и размена на гробните места, се бара плац на новата  локација а се напуштаат гробиштата во двете цркви, каде до неодамна се погребуваа починатите.

- Сакам да ги продадам гробните места кои се во црквата Св.Пантелејмон. Многу е лоша конфигурацијата на теренот, на врвот од градот, пристапот е лош, стрмно место, за вода треба да одам до црква. Згора на тоа се случува и цвеќето што го оставаме на го снема. За разлика од тука, во Раштани се е поинаку, современи гробишта со чуварска служба, каде владее ред, хигиена и мир – вели велешанец чии предци се погребани на оваа црква а тој сака да ги пресели на новите гробишта. Слична е состојбата и со гробните места во црквата Св.Спас. За продажба или размена постои интерес, бидејќи некои сакаат да бидат погребани тука, поблиску до градот. За  две години состојбата рапидно се смени и неколку стотина гробни места ги сменија сопствениците. Меѓу граѓаните постои листа на семејства кои се заинтерсирани за продажба или размена на старите гробни места со нови, по што се врши трансферот. Од ЈКП Дервен, како овластено претпријатие за стопанисување со градските гробишта велат дека вршат продажба на гробни места исклучиво на новите градски гробишта во Раштани и немаат евиденција колку такви размени се случиле.

\"\"

- Согласно законот, граѓаните може да извршат префрлување на сопственоста на гробно место без посредство на ЈКП Дервен. Во нашата архивска служба само се заведува сопственоста, за што е потребно лично присуство на претходниот и новиот сопственик. За оваа процедура не наплаќаме материјална надокнада – изјави Тодорка Пенкова Андреевска, службено лице за информирање во ЈКП Дервен Велес и додава дека  најчесто префрлање на сопственоста на гробно место се врши во кругот на поширокото семејство. За последните две години на Новите гробишта во Раштани купени се 250 гробни места. Единствен нивен недостаток е оддалеченоста од градот- 5 км и  што до таму нема редовна градска линија, бидејќи превозниците не се јавуваат на тендерот а таксистите скапо ги наплатуват нивните услуги.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »