Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 септември 2019
За два месеци велешани фрлија повеќе смет, на бреговите и кејот од реката Вардар, отколку што претходно имаше на истиот простор. Во четиричасовната акција , која во неделата ја изведоа волонтерите од ,,Македонски спасител,, здружение за безбедност на вода и планина од Велес, собраа повеќе смет отколку во средината на јули. Тие го чистеа просторот, на кој минувачите фрлаат смет во централното градско подрачје, помеѓу мостот Гемиџии и Мало мовче.
Отстранивме огромно дрво, нанос од реката Вардар и го чистевме кејот и брегот на реката. Состојбата беше полоша отколку што ја имавме пред два месеци. Многу повеќе ѓубре, отпад најдовме на овој простор. Собравме 1,2 илјади литри отпад, најмногу пет амбалажа - изјави Ангел Пановски претседател на здружението ,,Македонски спасител,,.
Ова е втор дел на проектот ,,Чувари на вардарското крајбрежје,, помогнат од Министерството за животна околина и Општина Велес. Првиот дел се спроведе на средината од месец јули. Членовите на здружението апелираат до велешани да ги почитуваат законите и да не фрлаат отпад во водите на Вардар.
За жал свеста е многу ниска, додека ние честевме еден минувач од мост фрли отпад во реката Вардар, пред нас и пред многумина минувачи. Испраќаме силна порака реката Вардар и крајбрежјето не се корпи за отпад - додаде Пановски.
Во средината на август вработените од ЈКП Дервен спроведоа вонредна, трета акција годинава на чистење на бреговите на реката Вардар, околу Стар мост и тогаш беа собрани пет трактора смет и два трактори градежен шут.
Tweet |