Петар Печков
Објавено: вторник, 27 август 2024
Пожарот на планинaта Мукос, на стариот пат кон Прилеп и натаму е активен, информираат од Центарот за управување со кризи. Го гаснат по 25 врaботени од АРМ и МВР, како и од ЈП Национални шуми – ШС Бабуна Велес, 10 жители локално население, вработени од локалната самоуправа.
Гори дрвна маса, лисна маса и мешана шума, кај селото Степанци и манастирот Св. Димитрија. Ангажиран е и авион ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптер на МВР. Ноќеска пожарот, кој има крак кај селото Оморани е изгаснат, откако паднал дожд.
„На ден 26 август во 11:50 примена е дојава за пожар кај манастирот во село Степанци. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две пп возило и шест пожарникари спасители по пристигнување на лице место почнато е со гасење и правење појас околу манастирот“ – соопштија од ТППЕ Велес.
Истиот пожар беше активен до 18 август, 12 дена гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна. Тој се разгоре повторно завчера.
Tweet |