речник контакт

И натаму високи бројки, уште 32 нови случаи со ковид-19 во велешко

Во велешка болница згрижени се 59 пациенти

Петар Печков

Нови 32 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко а оздравени се десет. Ова се бројките за изминатите 24 часа, кои ги соопшти Министерството за здравство. Во велешко има активни 294 случаи, со што останува на третото место во земјава по Скопје и Куманово.  

Во велешка болница хоспитализирани  се 59 пациенти, од кои  47 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни  и осум  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Транспортирана  е  пациентка на  66 годишна возраст  на Инфективна клиника Скопје. На Инфективно одделение згрижени се  28 пациенти, на Интерно осум и во Модуларната болница 23.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »