речник контакт

И натаму во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19, починати тројца пациенти

Бројката на активни случаи во велешко е 765. Се намалува бројот на хоспитализирани во велешка Болница и помал е бројот на пациенти на кислородна поддршка

Петар Печков


Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку  ново заразени со ковид-19 во велешко.  Четврти  ден од пет, во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 40 пациенти оздравено  од ковид-19  и   регистрирано 32  нови случаи. Или бројката на активни случаи во велешко е 765  а досега се заразиле  5.128  лица.

„Починати во велешка Болница се двајца пациенти, маж на 82 годишна возраст,позитивен лекуван еден ден на Инфективно одделение и жена на 79 годишна возраст лекувана три  дена во Модуларната болница. На кислородна поддршка се 37 пациенти. Исто така извршени се два транспорта на  пациенти на 67 годишна возраст, едниот  во ГОБ 8-ми Септември, а другиот во Приватна Болница Систина. Испишани од Болница се шест  пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19“кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.  

Министерството за здравство информира дека во клиника во Скопје има починато пациентка на 53 годишна возраст.  Со овие три лица  досега во велешко починале 156 пациенти , од последиците на корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани во велешка Болница  98 пациенти,  од кои 87 се потврдени позитивни,  двајца сомнителни  и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се  51, на Интерно шест, на Физикално девет и во  Модуларната болница 32 пациенти.

фото Трајче Панов

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »