Петар Печков
Објавено: сабота, 05 август 2017
Според информацијата од Центарот за управување со кризи во поширокиот велешки регион има три пожари, сите во Општина Чашка. Гори ниско стеблеста и деградирана шума.
Во општина Чашка, на планински предел во селата Лисец и Јаболчиште активни се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
На планинскиот предел во селото Дреново, Велешко, активен е шумски пожар на непристапен терен за гасење. Од огнов кој ја зафанал шумата, изгореле 11 бандери за струја, поради што дел од Општина Чашка е без електрична енергија.
Под контрола е шумскиот пожар во селото Богомила, општина Чашка. Ангажирани се осум вработени и авионите од Дирекцијата за заштита и спасување. Во петокот попладне огнот стигнал до селото, па жителите сами се вклучиле во гаснењето на огнот.
Tweet |