Петар Печков
Објавено: среда, 30 јуни 2021
Пожарот и натаму гори на падините на Даутица, помеѓу Ореше и Папрадиште. Денес нема промени, зафатени се најмалку 50 хектари дабова шума а на терен се екипи ан ШС „Бабуна“ од Велес.
„Пожарот е симната до патот кон Папрадиште. Го контролираат 17 вработени од ШС „Бабуна“. Имало барање , но не е ангажиран хеликоптер ан АРМ на терен. Гори дрвна маса, нема згрозени објекти, згради, луѓе“ - соопштија од Центарот за управување со кризи.
Огнот беше регистриран во понеделникот околу 11 ч. иако има сведоци кои кажуваат дека и недела вечер околу 20ч. горело, за што ги алармирале надлежните.
Tweet |