Петар Печков
Објавено: среда, 10 февруари 2021
Иако обврската за носење заштитна маска е со месеци присутни, се уште има граѓани кои не ги носат, и така не се заштитуваат себе, своите блиски и останатите.
СВР Велес објави дека во период 09./10.февруари за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 48 лица, и тоа, 31 во Велес, десет во Кавадарци и седум во Неготино.
„Против овие лица следуваат соодветни мерки“- најавија од СВР Велес.
За споредба во истиот период полицијата казнила во Охрид-седум лица, во Струга две , во Кичево-19 и во Дебар осум.
За илустрација во вторникот во Велес биле казнети 23 лица а во понеделникот 22.
Казната е 20 евра а ако се плати во рок од седум дена е двојно пониска.
Tweet |