Петар Печков
Објавено: недела, 05 декември 2021
Нови три случаи на лица позитивни на ковид-19 и осуммина оздравени. Тоа е билансот за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Така и натаму паѓа бројот на активни случаи во велешко, денес ги имаше 194,
Во велешка Болница починала жена на 73 годишна возраст, кај која настапила смртта два час по хоспитализирањето а имале повеќе коморбидитети. Таа е 262 жртва од велешко, на корона вирусот.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 26 пациенти. Од нив 18 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден е еден и седуммина се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Нема испишани пациенти како оздравени, примен е еден нов случај. На континуирана кислородна поддршка се 10 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 22 пациенти и четворица на Интерно.
Tweet |