Петар Печков
Објавено: среда, 21 април 2021
И натаму во велешко има дневно повеќе оздравени отколку ново заразени со корона вирусот. Според бројките за изминатите 24 часа на Институтот за јавно здравје, така е и денес. Во велешко има 30 оздравени пациенти а ново заразени со ковид-19 се 19, по што актинии случаи има 667 а досега се заразиле 5.261 лице.
„Почината е пациентка на 83 годишна возраст од Велес, позитивна, лекувана четири дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 38 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованов портпарол на Општа Болница Велес. Бројот на починати лица до велешко, по последиците од ковид-19 е 159.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти, од кои 74 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и десет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
Во Инфективно одделение се 35, на Интерно девет и на Физикално 11, додека во Модуларна болница 33 пациенти.
Tweet |