Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2012
Во општина Велес, патниот правец кон с.Бузалково е расчистен во текот на денот, а денес ќе се работи на правецот до с.Новачани. Непроодни се патните правци кон селата Ветерско, Слп, Белештевица, Карабуниште, Џидимирци, Рудник, Лугунци и Р’левци.
Во општина Чашка непроодни се патните правци кон селата Горно Јаболчиште, Крајници, Мокрени, Габровник и Ораов Дол. Во општина Градско патот до с.Грнчиште е прооден, додека патниот правец кон с.Скачинци е непрооден. Во областа Азот отсечени се селата Бистрица, Црешнево, Ореше и Нежилово, на дел од областа под Солунска Глава.
инфромацијата е од Центарот за управување со кризи
Tweet |