речник контакт

И натаму само сто термини за бесплатна вакцина против грип за Велес, комерцијалната уште не е почната

И матични доктори и пациентите реагираат, надлежните велат вакцини и термини има

Петар Печков

Ништо ново, во однос на сезонската вакцина против грипот. И натаму матичните доктори од Велес добиваат само стотина термини и исто толку вакцини  седмично. Така било и петокот попладне, кога го системот брзи прсти, кој ќе биде најумешен ќе добие и најмногу термини. 

Не помагаат ниту реакциите, кои од Министерството за здравство не ги слушаат или не допираат до нив. Забелешките се  дека се испорачува мала доза на вакцина против сезонски грип и времето за вакцинација одминува.  Матичните доктори, одбиваат за зборуваат, бидејќи велат нема никаков ефект од нивните забелешки. Додаваат дека тоа биле реакции на пациентите, кои  се револтирани а нивниот гнев го искажувале кон матичните доктори. 

Досега откако започна бесплатната вакцинација во Велес, заедно со Чашка и Градско, за четири седмици се доделени 400  бесплатни вакцини против сезонски грип, што е премалку според интересот кој годинава владее.  Тие се наменети  за  здравствено ранливите категории.

Иако од утре започнува последниот месец од годината, декември,  во Центарот за јавно здравје не  започнаа комерцијалната вакцинација, која според најавите од Министерството за здравство  треба да чини 850 денари.  На прашањето до директорката Анастасија Иванова,  кога ќе започне, таа одговори, дека за тоа дополнително ќе информира.  

Вакцината е француска, четиривалентна, која штити од два типа од грипот „А“ и типот „Б“.Од Министерство за здравство  и натаму тврдат има доволно термини и вакцините се достапни до сите граѓани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »