речник контакт

И натаму стечајната постапка за ,,Повардарие ,, се одолговлекува

Во име на должникот скопската ,,Интер,, ДОО ќе ги исплатува долговите, која веќе на Царината и исплатила побарување од еден милион евра

Петар Печков

Винарската визба ,,Повардарие,, од Неготино побара а доверителите прифатија со  писмен договор со извршни клаузули,  пред нотар да им се исплатат побарувањата, на рати.   Стечајниот судија  Ангел Трипчев на денешното рочиште,   им даде рок до 6-ти  декември кога треба да се одржи следното  за отворање на стечај во оваа винарија. Тогаш доверителите ќе се изјаснат ќе оди ли во стечај или задоволни од договорот, но и првата  платена рата ќе донесат конечно решение. 

Во зависност од висината на побарувањето, некој  долг ќе се плаќа во една, две рати, други во шест, така што доверителите ќе бидат подмирени - рече адвокатот Васко Томановиќ правен застапник на Винаријата ,,Повардарие,,. 

Адвокатите, застапници на доверителите побараа првата рата да биде исплатена пред следното рочиште, за да знаат дали  должникот е сериозен или не. Тие побараа и име на доверителот кој во име ,,Повардарие,,   ќе ги исплатува, оти  винаријата не е во состојба тоа да го стори.

Станува збор за  добро стоечка, солвентна фирма ,,Интер ДОО,, од Скопје. Таа со еден милион евра претходно  го плати долгот кон Царина - додаде Томановиќ.   

Во Основен суд Велес половина  година  се води постапката за отворање стечај во ,,Повардарие,, . Прво ,,Повардарие,,побара изземање на Основен суд Велес како надлежен, па три месеци од  Врховен се чекаше одлуката да се изјасни, потоа должникот побара иземање на стечајниот судија и претседателот на судот, кое барање Апелација Скопје за десетина дена го отфрли.  На одолговлевкување на постапката реагираше стечајниот управник Димитар Хаџиев.

Согласно Законот за стечај претходната постапка трае 30 дена. Тој рок овде е одамна изминат.  Оваа постапка до денес трае пет месеци што е далеку од  дозволениот рок. Затоа барам од судот да има пократки рокови и постапката да не се одолговлеквуа - рече стечајниот Хаџиев.   

Отворање на стечај побарааа повеќе стотина лозари од тиквешијата, поради неисплатени побарувања за откупено грозје со години наназад.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »