речник контакт

И негувателките од Детските градинки имаа обука за итна помош во итни случаи

Активноста беше дел од кампањата на ОО на Црвен крст Велес „Првата помош спасува живот“

Петар Печков

По воспитувачки и негувателки од Детската градника во Велес, беа на обука за давање на прва помош. Неа ја организираше ОО на Црвен крст Велес,  во соработка со Детските градинки.  
Едукацијата ја одржаа д-р Марија Давчева а ја следеле повеќе од 40 негувателки

 „Оваа едукација  е од големо значење на негувателките бидејќи тие честопати се наоѓаат во ситуација во која е навистина потребна првата помош. Посетителките на обуката  ги научија постапките за давање прва помош во различни ситуации“- кажа  Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Во рамките на активностите од кампањата „Првата помош спасува живот“ за три дена обучени се над 110 вработени, за срцево- белодробно оживување, скршеници, рани, крварења и останати повреди. Претходно обука беше организирани за воспитувачките од оваа институција. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »