Петар Печков
Објавено: среда, 01 февруари 2012
Велешани се непријатно изненадени , што добиваат нови лични карти со старите имиња на улиците. Тие реагираат, стравувајќи дека евентуално ќе мораат во некоја следна пригода да ги менуваат, иако ги вадат деновиве. Од велешката полиција велат се уште не е добиено известување дека е извршена промената.
Побаравме информација зошто се уште не се променети имињата на улиците од градот кои неодамна Советот ги преименува. Добивме одговор дека причината е што се уште не се сменети во централниот регистар. Но без оглед на се, новите лични карти ќе важат се до рокот на нивната замена – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.
Од локалната власт на општина Велес објаснуваат дека тие одамна до Централниот регистар ја поднеле потребната документација, но им била вратена заради доработка. Пред три месеци, во октомври Советот на општина Велес промени имиња на 17 улици во градот.
Ни по толку време ниту една од нив не е преименувана, поради застојот во административните преписки. Дотогаш велешани кои вадат нови лични карти, добиваат адреси на старите улици.
Tweet |