Петар Печков
Објавено: среда, 27 октомври 2021
Пладневно и новите членови на Советот на Општина Велес ги добија уверенијата. Од 23 нови советници во големата сала на Општина Велес беа присутни 21. Отсутни беа Нада Јованова и Игор Смилев.
После два мандати, осум години Советот е повеќе партиски, оти изминатите осум години имаше претставници само од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од партии кои биле на нивните коалициски листи. Есенва влегоа и членови од други две партии, од Левица и ДУИ.
Советот на Општина Велес кој брои 23 члена, според официјалната распределби на местата е во следен состав: ВМРО-ДПМНЕ со 11, СДСМ со осум, Левица со три и ДУИ со едно место.
Составот по имиња е следен:
Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата - ЗОРАН ЉУТКОВ, КОСТА НОЈКОВ, ВЕСНА АТАНАСОВСКА, НАДА ЈОВАНОВА, ДЕЈАН ПАЛАШЕВ , КИРИЛ ЛАЗОВ, ДРАГАН ДИМЕСКИ, ИГОР СТОЈАНОВ , МЕНКА АНДРЕЕВА, ЕЛИЗАБЕТА МИТРЕВСКА-АНЃЕЛЕСКА, ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ.
Од СДСМ и коалицијата - МАРЈАНЧО НИКОЛОВ, КАТЕРИНА ЕФРЕМОВА, ТОДОР ЈАКОВЛЕВСКИ, МИЛИЦА РИСТОВСКА ТЕМЕЛКОВСКА , ЌИРИЛ ГАЈДОВ, РУЖИЦА ПЕТРУШЕВСКА-НИКОЛОВСКА, МЕНСУР БАЧЕВАЦ, ПАНДОРКА ЛАЗАРОВСКА ПРЛИЧКОВА
ЛЕВИЦА - ДИМИТАР АБРАШЕВ, ИГОР СМИЛЕВ, МАРГИЦА УРУМОВА
ДУИ - НЕВЗАТ МУАРЕМОВСКИ
За одбележување е што советникот Драган Димески со овој мандат, четврти по ред, прв пат влезе во 2009-тата, па во 2013-та, во 2017-та и денс во 2021 и со тоа стана советник со најмногу мандати во 25 годишното постоење на Советот на Општина Велес, кој постои од 1996-та. Димески доаѓа од партијата ПОДЕМ а влегува како коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
На локалните изборите одржани на 17-ти октомври гласале 52,22 % од запишани 45.892 гласачи, или во бројки 23.963 .
Бројот на освоени гласови за советници е следен:
ВМРО-ДПМНЕ 44,8%
СДСМ 30,90%
ЛЕВИЦА 12,99%
ДУИ 3,34 %
БДС 2,27 %
ЛДП/ДОМ 0,54%
Твоја Партија 0,48%
ИНТЕГРА -0,43%
Единствена Македонија -0,33%
Tweet |