Петар Печков
Објавено: среда, 06 јули 2022
Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Техничко- технолошкиот факултет, од есен во новата академска година 2022/23 ќе запише 50 бруцоши.
Ова е согласно конкурсот за упис на студенти во прва година, кој го објави Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи овој факултет.
Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.
Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е четврта година по ред со ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Техничко -технолошкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.
Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока: 29-ти и 30-ти август; 14-ти и 15-ти септември и на 26-ми септември.
Tweet |