Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2012
Владата на Република Македонија прогласи енергетска криза и донесе препораки за максимално штедење на електрична енергија. Општина Велес согласно препораките на Владата врши рестрикција на јавното осветлување со цел да се одржи сигурноста и стабилноста на напојувањето на домаќинствата со електрична енергија.
Од вчера 13.02.2012 на територијата на Општина Велес почнаа да се применуваат препораките, со тоа што се исклучи декоративното осветлување и делови од мрежите за улично осветлување каде во овој период од годината фрекфренцијата на движење е намалена- Градски парк, Долни дуќани-Манастир Св. Димитрија, Езеро Младост,Кејот на реката Вардар и други јавно- прометни површини.
Општина Велес апелира до правните и физички лица и секој во своите можности да придонесе во штедењето на електрична енергија.
Tweet |