Петар Печков
Објавено: вторник, 20 април 2021
Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко. Бројките за изминати 24 часа на Институтот за јавно здравје, покажуваат дека во велешко има 36 ново заразени а дури 54 оздравени. Или активни се 679 случаи а досега во велешко има 5.242 заразени.
Едно лице од Велес, на возраст од 76 години е починато во болница во Скопје, позитивно на ковид-19. Тоа е 158 жртва од последиците на ковид-19.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 85 пациенти, од кои 71 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и десет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 46 пациенти. Испишани се 12 пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во Инфективно одделени се 35, на Интерно девет во Физикална 11 а во Модуларна болница се 30 пациенти.
фото: Ангел Јорданов
Tweet |