Петар Печков
Објавено: вторник, 01 јуни 2021
Овие пролетни денови, во доцните попладневни часови бројни велешани рекреираат во Градскиот парк. Но тие реагираат дека немаа услови, оти во еден дел, улицата која минува низ паркот, ја користат сопственици на возила. Тоа им ја ограничува слободата но и стравуваат по безбедноста.
„Попладне после 18 ч. кога рекреирам, има толку многу возила и мотори, што е невозможно да се спортува. Иако во тој период е забранет сообраќајот, возачите не ги почитуваат сообраќаниот знак и режим. Дури повикав и полиција, која дојде, но беше немоќна д стори нешто“ - вели сограѓанка, која го сподели нејзиното искуство.
На поставеното прашање до локалната власт, дали има промена на режимот на сообраќај, низ Градски парк, одговорот беше дека е истиот што е донесен во септември 2018-та.
„На сила е забраната за сообраќај, која за овој период од годината , од мај до август е од 5 до 8 часто наутро и од 18 до 21 ч попладне. За жал истата не се почитува а за нејзина примена е надлежна сообраќајната полиција при СВР Велес“ - одговорија од локалната власт. Забраната не важи за возилата на брзата помош, пожарната и полиција.
Tweet |