речник контакт

И покрај ковид пандемија, велешките крводарители во врвот по дарување во земјава (фото)

Доделени признанија за најхуманите, Велес втор во Македонија по крводарување во 2020-та година

Петар Печков

 
Признанија за крводарителите, кои дарувале крв по100-ти пат, им беа врачени денес на свеченоста, по повод 17-ти март Денот на крводарителството. Признанијата се од Општинската организација на Црвен крст Велес и се однесуваат за 2019-та и 2020-та година. За 100 и повеќе пати дарувана крв, признанија добија   Звонко Карталов, Ѓоре Петков, Ацо Давчевски и Милан Николов.

„Прв пат крв дарував кога бев во војска 1973-ва во Карловац, Хрватска и од тогаш постојано ја дарувам. Сум дал сто пати, сум помогнал на сто луѓе. Четири пати годишно давав и сега ако е потребно ќе дарувам. Покрај мене и синовите и ќерката станаа крводарители“   -рече Милан Николов, кој има 70 години и доаѓа од Дорфулија, пензионер порано вработен во ЗИК Џумајлија.   

Признанија им беа врачени и на дарители кои дарувале крв по 75 и 50 пати. Како компанија која го поддржува крводарителство благодарница доби Маркард Македонија, потоа ПОУ Маца Овчарова и Основната организација на Црвен крст од Градско. Васко Трајковски е награден со благодарница за мотиватор за крводарителство.

Крводарителите од Велес, заедно со тие од Чашка и Градско, минатата година според хуманоста се втори во Македонија, со исполнет план од 183 отсто. Претходно во 2018-та и 2019-та две години по ред ОО на Црвен крст беше прво рангирана во земјава на полето на крводарителството.  Планот е 1.861 крвна единица, собрани се 3.390, или Велес е втор со 0,8 % помалку од ОО на Виница.  Од 30 општински организации само 13 го натфрлиле планот а повеќето од нив се за некој процент над планираниот.   

„На оваа свеченост, согласно ковид протоколите, им се заблагодаруваме на крводарителите  кои дарувале јубилејно крв, 100, 75 и 50 пати. Вредно е тоа да се одбележи и потребно е да се истакне нивната хуманост. Лани забележавме одлични резултати, согласно ситуацијата во која се наоѓавме, пандемијата на корона вирусот. крводарителите стравуваа како и сите останати за нивната здравствена состојба“ - рече Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »