Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 јули 2021
На почетокот од месец јуни, директорот на ЈП Македонија пат Беким Мемеди, прашан кога ќе продолжат градежните активности за завршување на последна делница од патот Стровија - Богомила, без двоумење кажа за десетина дена. Иако од тогаш мина месец и повеќе, ништо не се случува на патот, кој треба да го поврзе регионот на Азот и Пелагонија.
Жителите се нетрпеливи, оти со патот, сериозно се скратува патувањето, наместо преку Кавадарци, директно ќе можат да стигнат до населените места од двата региона. ТрМр го праша директорот на ЈП Државни патишта, кога ќе се заврши оваа делница. Конкретен одговор немаше.
„За кратко време ќе почнеме да го реализираме овој проект“ прашан дали може да каже рокови, од седмици месеци, дополни „Не сакам да зборувам за рокови, ние интензивно работиме„ кажа Ејуп Рустеми директор на ЈП државни патишта.
Минатата година се асфалтираше патот во прилепскиот дел, од Гостиражни до Стровија, во должина од 6,5 км. Останаа за асфалтирање преостанатите 3,9 км од Стровија до Богомила. Тој е тампониран и останува да се постеле асфалт.
Tweet |