речник контакт

И покрај отпорот, приколките од дивата населба мора да се отстранат

Револт на сопствениците на камп приколките, кои не сакат да ги отстранат иако таму треба да работи тешка механизација за поставување водоводна и канализациона мрежа

Петар Печков

Обидот на локалната власт да ги отстрани диво поставените камп приколки од околината на езерото Младост, наиде на отпор кај сопствениците. Тие се собраа пред зградата на Општина Велес и не се согласуваат да заминат од просторот, за кој немаат дозвола да го користат.  На таа локација ќе мине трасата од новата водоводна и канализациона мрежа, поради што ќе се изведуваат градежни работи.

Каде да одиме со нашите приколки, каде да ги поставиме. Тоа место некој ни го дал. Згора на тоа,  приколките каде мине трасата се отстранети, нема потреба сите да се селиме. Повеќето живееме во згради и каде да ги оставиме приколките ако од таму ги исселиме – велат сопствениците на камп приколките.

Населбата брои околу стотина објекти, некои од нив се и ѕидани, повеќето со градини, на земјиште кое е во државна сопственост. Тие немаат ниту вода ниту канализација. Градоначалникот ги сослуша нивните ставови и остана на барањето објектите да се отстранат а во интерес на сите велешани.

  На оваа локација ќе се изведуваат градежни работи, за кој општина Велес, 50 илјади граѓани се задолжија кај Светска банка за  кредит од 800 илјади евра. Работите мора да се изведат, нема да дозволам инвестицијата да пропадне а веќе доцниме со динамиката на  изградбата. Булдожерот не е игла, да се врти на мал  простор. Пред летната сезона по Ваше барање, останаа приколките цела сезона. Договорот беше на 1-ви октомври да  се селите. Време е да го почитувате. Ако не го сторите, ќе морате да ја  платите агенцијата која ќе го изврши тоа. Приколките  се приватна сопственост и градот нема обврска да најде простор каде ќе ги преселите -  изјави Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес. 

На коментарите од камперите дека нив ги сели а ја толерира дивата населба покрај реката Бабуна, Чадиев изјави дека ,,се ќе биде завршено во свое време,,.   Со поставувањето на  водоводната мрежа, околината на езерото Младост ќе добие вода за пиење, вклучувајќи ги двата мотели, сателитската населба, селото Новачани, како и Академијата на Германската ,,Прокредит Банка,,.   Заради градежните зафати, минатата година од околина на езерото беа исечени 1.250 стебла на бор, а на нивно место беа засадени нови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »