речник контакт

И покрај позитивните случаи на здравствени работници, Интерното одделение и Итната помош работат без рестрикции

Се зголеми и бројот на позитивни здравствени работници. Има регистрирано доктори, медицински сестри, возачи на амбулантите возила на Итната помош

Петар Печков

Со зголемувањето на бројот на позитивни случаи со ковид-19 во велешко, се зголеми и бројот на позитивни здравствени работници. Има регистрирано доктори , медицински сестри, возачи на амбулантите возила на Итната помош.

Најтешко се погодени Интерното одделение и Итната служба, каде  има регистрирано повеќе случаи. На Интерното одделение, каде имаше пациенти кои беа прифатени на лекување, а подоцна констатирано дека се позитивни, има двајца доктори и една медицинска сестра.   

Работата се одвива тековно, имаме зголемен ангажман на останатите доктори, да се покрие недостигот. Има одреден број на колеги и медицински сестри  во цела Болница, кои се позитивни на ковид-19 , но мораме во интерес на здравјето на пациентите  максимално да се ангажираме - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролот на Општа Болница Велес.

Во службата за Итната помош и домашно лекување има тројца доктори позитивни, двајца возачи на амбулантно возило и медицинска сестра.

Имаме по двајца доктори во смена, колку што е неопходно за непречено одвивање на работата. Таа засега се одвива нормално, пациентите  се згрижени навремено и не се регистрирани  проблеми - изјави директорот Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »