Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 декември 2024
И покрај предупредувањата на саботниот попладневен верски обред, дека во просторијата се чувствува мирис на плин, двајцата гости од Битола Јашар Ј. (71 год) и Фахрудин Е. (66 год) од Ресен, не ги послушале присутните и останеле да преспијат. Со нив останало и 13-14 годишно дете од селото, кое по смртта на татко му се преселило во Кавадарци кај мајка си. Тоа иако можело да замине дома, останало да преноќи со гостите.
Мештаните од Црвени брегови, за гостите велат дека биле оџи а нивните блиски, кој дојдоа од Прилеп, Ресен и Битола, да го видат местото каде се случи инцидентот со смртни последици, велат тоа беа верници.
„Јашар одеше секаде низ Македонија, не само тука, престојуваше по три дена, петок сабота и недела,. Држеше предавања, обреди, молитва да прави. Патуваше и низ Европа, Турција, одеше заради Господ. Ама судбината сакала тука да му се случи најлошото“ – вели роднина на починатиот Јашар Ј. од Битола. Во овој импровизиран времен верски објект, кој требало да замени џамија, тие држеле верски обреди неколку години наназад.
„Во просторијата саботата вечер бевме до 19ч. Следниот ден, неделата имаше веселба во селото, сите бевме таму за радост. И никому не му текна за овие три лица. Некаде кај 16,30 некој дојде и рече оџите умреа. Истрчавме до просторијата, оти е блиску до куќата каде имаше веселба. Се обидовме да влеземе внатре, не можевме, вратата беше заклучена од внатре, моравме прозор да кришиме и влегуваме преку него. Кога влеговме тежок мирис на плин не удри во глава. Викнавме полиција, брза помош а докторот рече, починати се нема спас. Едниот од лицата ползел до вратата, детето испружено среде соба а третиот покриен со ќебе, задушени беа“ – вели жител на селото Црени Брегови -неготинско, кое според пописот од 2021 брои 80 лица. Сите живеат од полјоделие, градинарство.
Преку прозорот од објектот каде се вршеле верските обреди, може да се видат три импровизирани постели, ќебиња располасни на подот и плинската боца.
Јавен обвинител при ОЈО Кавадарци наредил обдукција на телата за да се дознае причината за смртта, дали било задушување или некоја друга причина. Издадена била и наредба за испитување на исправноста на истиот.
Дежурниот доктор од итната помош во Неготино, констатирал смртта без траги од насилство.
Велешката полиција објави дека за инцидентот биле информирани во неделата попладне во 16,35ч.
Tweet |