речник контакт

И покрај реакциите за голем број на змии во градот, годинава не е регистриран ниту еден случај на каснување во велешко

Што треба да се прави доколку ве касне змија? Подврзете ја раната и веднаш посетете доктор, никако не ја поливајте со алкохол

Петар Печков

Периодов сме сведоци на бројни објави за присуство на змии во градот, во Велес. Со тоа се создаде и состојба на став од овие влечуги, кои за дел од населението се опасност.

Наспроти ваквата состојба од велешка болница информираа дека досега до 10 јули, нема дојдено пациент, кој се жалел дека  каснат од змија отровница.

 „Од почетокот на годинава, до сега нема пациент, кој побарал помош во Инфективното одделение дека е каснат од отровна змија. Во болницата има доволно серум против отров, доколку има потреба за лице кое е каснато од змија“ - кажа елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Што треба да се прави  доколку ве касне змија?

Најбитен е психолошкиот аспект. Немојте да паничите, немојте да помислувате дека ќе умрете и дека нема спас.. Најпрво местото треба да го имобилизирате и што помалку или скоро воопшто да не  мрдате. Со ова го спречувате ширењето на отровот. Пред било што од горенаведеното да направите, морате да го подврзете местото НАД  раната, доколку се работи за екстремитет, ова најефикасно ќе го спречи ширењето на отровот.

Откако ќе  подврзете над раната, покријте ја раната со чисто парче од облека, немојте да аплицирате алкохол, ниту било каква друга течност, исто така немојте воопшто да конзумирате алкохол по каснувањето додека да стигнете во болница. По основното подврзување и заштитување на раната, веднаш најдете начин брзо да стигнете во болница, не превземајте никакви други активности.

Немојте да ја сечете раната, за да го извлекувате отровот, немојте да правите никакви слични манипулации кои сте ги гледале на филмовите бидејќи можете да предизвикате компликации, плус тоа, нашите змии не се дотолку отровни за да немате време да стигнете до болница.

Сепак до болница би требало да не се движите, а подврзаната рана да е под нивото на срцето.

Неколку значајни совети при казнување од змија:
-Ако ве касне змија немојте да пробувате да ја фатите, може да ва касне повторно
-Ако ве касне змија, пробајте да ја запаметите нејзината боја за да ја опишете во болница
-Ако ве касне змија, МОРАТЕ да посетите доктор, болница без разлика дали вашето убедување е дека змијата е отровна или неотровна.

Според Светската здравствена организација,  од каснување на змии во светот секој ден умираат по 200 лица. Најмалку 400.000 луѓе секоја година се во состојба на инвалидност поради каснување од змии. Во светот има околу 3.400 видови змии, а околу 600 од нив се сметаат за отровни. Нападите претежно се случуваат во Азија и Африка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »