речник контакт

И понатаму во пораст бројот на хоспитализирани лица во велешка болница, позитивни на ковид-19

Активни има 249 случаи а досега се заразиле 3.183 лица

Петар Печков

Ако на 29-ти јануари во велешка Болница имаше хоспитализирани 22 пациенти, денес, недела бројката е скоро двојно повисока има 42 пациенти. 

Од оваа здравствена институција објавија дека  на пладне кај   нив  30 се потврдени позитивни, тројца се  сомнителни и девет пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На  Инфективно  одделение се  35 пациенти а на Интерно седум. На кислородна поддршка се 11 пациенти.

Бројката на починати лица, како последица на ковид заразата во велешко е 106.

Министерството за здравство објави дека денес недела во велешко има девет оздравени и седум ново заразени лица со ковид-19. Активни  има 249  случаи  а досега се заразиле 3.183 лица.

фото Марија Пупулиева

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »