Петар Печков
Објавено: четврток, 30 септември 2021
Последен ден за попис, 30-ти септември, но велешани доаѓаат да се попишат во пописниот пункт во просторијата во Општина Велес. Иако се во прашање часови, интересот кај еден дел сограѓани, кои не биле попишани, останува. Тоа се жителите од еден дел на градот, каде иако попишувачот поминал, тие не се попишале, за сега, последниот ден да одлучат да го сторат тоа.
„Интерес има, доаѓаат граѓани. До пладне се работеше со двајца попишувачи, до крајот на денот со еден. Доаѓаат жители од градот Велес, кои не биле попишани. Работиме до 20 часот “ - кажа Драган Стојкоски државен пописен инструктор за пописен реон 18 Велес.
Во земјава до вчера, среда 30-ти септември, попишани се 1.813.153лица, 562.110 домаќинство и 822.575 станови.
Првите официјални резултати од Пописот, најавено е дека ќе бидат познати во првиот месец од следната година.
Tweet |