Петар Печков
Објавено: петок, 12 ноември 2021
Повторно околу 700 лица се вакцинирани неделава против ковид-19 во Велес. Податоците се за изминатите четири дена, добиени се од Здравствен дом и се -130 со прва доза, 135 со втора и 400 со трета доза, и во нив не се внесени денешните -петок. Како и мината сабота и оваа, утре, ќе има дежурство за вакцинација, во пунктот во Здравствен дом во терминот од 8 до 13ч.
Вакцинацијата за заштита од ковид-19 се извршува со „Фајзер прва и трета доза и втора со вакцината со која лицето било вакцинирано со прва. И следната седмица продолжува вакцинација во домашни услови а заинтересираните можат да се пријават преку Здравствен дом.
Tweet |