Петар Печков
Објавено: петок, 04 октомври 2013
ОУД „Лазар Лазаревски“ активно се вклучи во реализацијата на проектот „Македонија без отпад 2013“. Во Ученичкиот дом, од страна на учениците и вработените, се спроведоа еколошки акции за чистење на отпадот во дворот на Домот и околу него.
За развивање на свест и едукација кај младите, пред да биде спроведена акцијата, беше организиран едукативен час на тема „отпад“. За едукацијата беа користени точките на акција од третиот и четвртиот еко-стандард од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Воедно, на учениците им беше поделен едукативен материјал со Еко пораки.
Tweet |