Петар Печков
Објавено: недела, 23 март 2014
Годинава по многу нешта е рана. Еве сега и штрковите дојдоа порано, видени се околу 15 март. Во селата во велешко се вратија штрковите. Селаните велат никогаш порано не дошле, уште во средината на март.
Тие се поим за верност на брачните партнери, но останува дали е тоа само мит и верување а не и реалност. Штрковите презимуваат во Централна Африка, за да повторно се вратат назад од април до септември.
Минатата година пар бели штркови се насели на оџак од хотелот Вила Зора а тие добија и младенче. Годинава се уште ги нема. Останува да видиме дали ќе се вратат...
Tweet |