Петар Печков
Објавено: сабота, 13 август 2011
Истото се доделува од страна на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес , кој при донесувањето на одлуката се базираше на успешната соработка реализирана, пред се, преку обезбедување контакти и учество на македонски стрип автори на фестивали ширум светот:БАЛКАН ТРАНЗИТ, ЛИГАТУРА и др.
Освен тоа Иванка Апостолова има објавувано во над 20 светски магазини за стрип и цртеж : „Стрипбургер“, „Лифт“, „Керозин“, „Контејнер“, „Д магазин“, „Милк“, а беше застапена и во антологијата„Женски стрип на Балканот“).
Досегашни добитници на ова признание се :Миле Топуз, Диме Иванов-Димано,Александар Сотировски, Ване Трајков-стрип оператор,неформалната групација на млади автори „ТАЈФА АРТ“,Томислав Османли-стрип теоретичар и хроничар, како и Дарко Марковиќ
Ова признание е само еден дел од активностите кои се организирааѕт во склоп на традиционалниот Меѓународен салон на Стрип ,кој секоја година се организира во средина на октомври во Велес.За оваа година Стрип центарот на Македонија обезбеди гостување на стрип автори од Јапонија, Америка, Швајцарија,Србија,Косово како и промовирање на недоволно развиената и афирмирана сцена од Република Албанија.
Во тек е и меѓународниот конкурс за стрип,кој трае до 25 септември ,а за повеќе информации околу истиот заинтересираните можат да видат наwww.comicscenter.mk
Tweet |