речник контакт

ИНИЦИЈАТИВА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦЕ КОЦЕВСКИ

Иницијатива да се реновираат спортските терени за рекреативен спорт.

lj lkjl

Во Велес има повеќе спортски терени на кои би можело рекреативно да се спортува. Но за жал ситуацијата со нив е очајна. Иако поголем дел од нив се школски терени никој воопшто не води грижа за нив. Да не беа рекреативците од време на време д ги поправаат колку толку оштетените кошеви и стативи досега ќе немаше баш ништо останато функционално. Трагична е состојба во која се наоѓаат. Сите се залагаат за здрава младина. На сите ни е позната изреката : “Во здраво тело здрав дух“. А за здраво тело треба да се спортува. А каде да се спортува ??? Пред некоја година кога ставија на игралиштата во Гимназија рефлектори си помислив дека конечно нешто ќе се направи, но за жал остана само на тоа. Штоако има рефлектори (кои за среќа сеуште работа), кога терените не чинат. На пример во Гимназија има две кошаркарски игралишта, на едното воопшто нема кошеви, а на другото има, но се во очајна состојба. Да не беа рекреативците да ги поправаат и тие ќе ги немаше одамна. Иста е ситуацијата и со останатите терени во градот. Зарем толку нема пари општината да вложи за реновирање. Се што треба е малку железо, боја и малку добра волја од градските татковци. Берем току малку заслуживме ние младите во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »