Петар Печков
Објавено: вторник, 25 мај 2010
Тој деновиве процвета. Се наоѓа во карпестиот дел околу Пешти и манастирот Св Димитрија. Заради можноста од негово уништување локацијата нема да биде откриена.
Познавачите велат дека кактусот во овој дел од Македонија е автохтоно растение и не е засадено од човек, туку само израснало.
Кактусот важи за едно од билките кои растат најспоро на светот, па кога ќе ги видите сликите можете да претпоставите колку време им требало на овие примероци да израснат и процветаат во овој прекрасен жолт цвет
Tweet |