Петар Печков
Објавено: сабота, 24 јули 2010
Во дворот на велешанецто Панче Николов, некогашен ракоемтар има дваесетина расцутени примероци од зокуми.
Тие го разубавуваат дворот а со опојната миризба на цветот ги опиваат минувачите на улицата Петре Прличко. Така е од мај со септември месец, во кој период дваесетина оленадри ја красат околината.
Олеандерот расте и успева во подрачја со блага медитеранска клима, топло лето и блага зима, па така многумина велешани користејќи ги временските погоди чуваат од ова медитеранско растение и го разубавуаат градот, на задоволство на сите негово сограѓани.
Tweet |