речник контакт

Иако лани намaлен e бројот на денови со загаден воздух во Велес, екологистите велат многу се

Лани во јули имаше високи вредности на ПМ 10, несвојствено за лето

Петар Печков

Четири дена помалку велешани лани дишеле загаден воздух, со вредности над дозволената средно дневна концентрација на ПМ10 честички. Или во бројки во 2021-ва тоа биле 123 дена споредено со 127 дена од 2020-та. Дозволената вредност е 50 мг/м3. Тоа е за  88  дена повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година, кој согласно прописите е 35 дена, или секој трет ден минатата година воздухот во градот бил загаден. Ова се податоците добиени   на новинарското прашање, од одделението за животна средина при Општина Велес.  

Најмногу денови 20, имало во февруари а 19 во ноември, додека по 17 дена имало во јануари, октомври и декември.   Најмалку, со едноцифрена бројка и имало во мај еден ден, и по два дена во април и август и три во септември.

„Ниту еднаш во 2021 година  не е надминат Прагот на алармирање, тоа е два последователни денови со средно дневни концентрации на ПМ 10 поголеми од 200 микрограми/м3, кога треба да стапат на сила краткорочни мерки за заштита на населението од загадениот воздух. Прагот на информирање, над 100 микрограми/m3 во текот на два последователни дена е надминат три пати минатата година“ - соопштија од Општина Велес.  

Во средината на месец јули,   од седум во пет дена во Велес беа измерени повисоки вредности на ПМ10 честички во воздухот. Вакво нешто нe се помни дека се случило среде лето.  Надлежните од Државниот инспекторат за животна средина објаснуваа  дека тоа  не е локален проблем, туку е резултат најверојатно на топлотниот бран од Сахара, којшто ја зафати земјата и енормната количина на прашина којашто се чувствува во воздухот, бидејќи такви вредности имаше и во други градови Кавадарци, Гостивар, Карпош, Тетово, Кичево, Куманово, Битола,Кочани, Струмица...

Велешките екологисти велат дека загадувањето е намалено само статистички.

„Состојбата во градот е загрижувачка, посебно во грејната сезона иако дел од граѓаните, според наши сознанија, се расположени да  го променат начинот на затоплување во поеколошки начин- греење со помош на палети или инвертор клими. Оваа сезона ситуацијата е поинаква поради најавите дека струјата ќе претрпи значајно зголемување на цената. Бидејќи бројките покажуваат неколкукратно зголемување на загадувањето од ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, целта на мерењето од мерните станици е преку нив да се детектира изворот на загадување и согласно со тоа да се преземат конкретни мерки за негово намалување“- кажа Олгица Наумовска од Е Вила Зора.

Последните денови од месец јули, во ноќните часови, жителите на  Велес се гушеа од чад, поради пожарот на депонијата за смет.

Еве каква била состојбата со загаденоста на амбиентиот воздух во Велес изминатите години.

Во 2014-та  имало 148 дена, а во 2015-та  130 денови, во 2016 – 103 дена надминување на средно дневната концентрација на суспендирани честички PM10, кога мониторинг станицата работи во континуитет. Од следните  години мерната станица Велес 2, во населба Тунел не работи во континуитет, има денови кога не работи.

Во 2017 - 81 ден има надминување на средно дневната концентрација на суспендирани честички PM10, кога мониторинг станицата не работи 26 дена. Во 2018 - 72 дена надминување на средно дневната концентрација на суспендирани честички PM10, мониторинг станицата не работи 6 месеци, За 2019  нема податоци за PM10, бидејќи имаше  дефект на дел од опремата станицата и истата  не го мереше овој параметар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »