Петар Печков
Објавено: четврток, 12 јули 2018
Петровден денес го одбележаа велешките шивачи, шнајдери или денес модисти. Ова е нивен ден, патрон, кога го одбележуваат во црквата Св. Пантелејмон. Велес отсекогаш бил град на занаетите и занаетчиите. Традицијата на нивното собирање не е прекината ниту по еден век на другарување и забава. Некои занаети одумирале, други се раѓале а занаетчиите од градот се дружеле.
Традицијата ја продолжуваме, на задоволство на сите. Иако сме малобројни, доволно сме да го одржиме занаетот. Го правевме со години. Одамна на Манастир го славевме ама тогаш бевме само мажи и не имаше многу. Сега времињата се сменија еве доаѓаат и жени. Легално работиме овие што не гледаш тука. не само нас шивачите што не има малку, во новото време сите занаети изумираат. Младината не ја интересира а народот мора некој да го закрпи ако ништо повеќе. Има денес конфекции, ама занает се учи од дете, па чирак, па калфа, па мајстор. Денес најчесто се бара штепување, патенти замена, крапчка работа. Тек тук има панталони, ама одело е тоа е настан. Конфекцијата си го стори своето. Велешани отсекогаш сакале да бидат во тренд и модерни. Шивачите ја следеле модата и градот секогаш имал убаво дотерани граѓани - рече Димче Иванов шивач, кој има дуќан на Којник и е кум на годинашнава дружба.
Во дружба и муабет, присутните сед потсетуваа на работата, на настани кои им се случиле измината година, со желба до година пак да бидат тука. И да дојдат некои нови, кои иако работата дома шијат, избегнуваат дружба. Велат добредојдени се.
Во текстов ќе потсетам на настан од пред неколку години, раскажан од шнајдерот мајстор Панче Ончев. На нивна дружба, на шнајдерите на овој ден, во раните седумдесетти години на минатиот век, во дворот на манастирот Св. Димитрија.
Одеднаш се појави автомобил, едно црно волво и ние се чудевме кој иде со ваква кола. Кога од неа излезе Владиката Кирил. Дојде до нас и ни кажа дека разбрал дека во Велес на Петровден се собираат шивачите. Не` пофали и ни порача, дека не смееме ова да го прекинеме. Затоа на младите им пренесувам, и двајца да се, да се собираат. Петровден е празник на шнајдерите, да се знае - рече Ончев.
Според раскажувањето на тетка ми, Филимена Печкова, која беше шнајдерка, Петровден е нивен празник, оти Св. Петар е кројачот на судбината на луѓето, тој решава за животите кај него се клучевите од небеските потри а тие шивачите ја кројат облеката на луѓето, па затоа го празнуваат овој ден.
Tweet |