Петар Печков
Објавено: петок, 06 јануари 2017
Од синоќа повеќе од 1,5 илјада жители од селата Иванковци и Мамутчево се отсечени. Снегот создаде блокада на локалниот пат, по што селата се без пристап до градот. Десетина возила биле завеани при обид да се вратат дома или да дојдат до Велес.
Отсечени сме, не можеме да се пробиеме до градот. Имаме болни деца на кои им треба лекарска помош. Апелираме патот наскоро да биде исчистен – порачаа дел од жителите во порака која преку социјалните мрежи ја испратија до порталот ТрМр. Надлежните потврдуваат дека патот до овие две велешки села е завена, и се работи на негово расчистување.
Механизацијата ангажирана од локалната власт не може да се справи со наносите смет. Побарана е помош од ЈП Македонија пат. Се најавува дека до вечер патот ќе биде исчистен и слободен за сообраќај. Има автомобили кои се таму завеани и заглавени – изјавија од Центарот за управување со кризи.
Tweet |